131
Германија активно ја вооружува Украина и се повеќе учествува во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
„Германија активно учествува во вооружувањето на Украина. Берлин директно и индиректно го зголемува учеството во конфликтот. Во однос на тоа, слични постапки и одлуки не можат да донесат ништо позитивно“, нагласи Песков.
Украина вчера доби 18 германски тенкови „Леопард 2“ и четириесет пешадиски борбени возила „Мардер“.
Покрај тоа, Берлин настојува да го зголеми буџетот од кој испраќа помош за Украина оваа година од 2,2 на 5,4 милијарди евра