Песков: Давање на Украина било какви безбедносни гаранции е погрешно и опасно

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Давањето какви било безбедносни гаранции за Украина е крајно погрешно и многу опасно, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Со пружањето на било каков вид безбедносни гаранции за Украина, овие земји всушност го игнорираат меѓународниот принцип на неделивост на безбедноста. Односно, со обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина, тие навлегуваат во безбедноста на Руската Федерација“, рече портпаролот на Кремљ, коментирајќи ја изјавата на директорката за Европа во Советот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави Аманда Слоат дека лидерите на Г7 ќе објават долгорочни безбедносни гаранции за Украина.

Документот предвидува распределба на воена опрема за Киев, зајакнување на размената на разузнавачки податоци, проширување на програмата за обука на вооружените сили на Украина, како и развој на индустриски капацитети, пренесува „Риа Новости“.

Слични содржини