146
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека „де факто“ воениот сојуз меѓу Јапонија и САД веќе постои и дека нема ништо ново во нивните планови.
„Нема пресврти или новости, постои де факто одбранбен сојуз и знаеме за американскиот воен потенцијал што постои на јапонската територија, толку блиску до нашите граници“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Јапонија, САД, Австралија и Филипините вчера ги спроведоа првите заеднички поморски вежби во Јужното Кинеско Море во ексклузивната економска зона на Филипините.