30
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли информациите дека Северна Кореја испраќа свои војници да се борат на страната на Русија во војната со Украина.
На прес-конференцијата Песков ги нарече тие извештаи лажни, пренесе ТАСС.
Извештајот дека севернокорејски воен персонал може да биде испратен во Украина го претстави јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг-хјун.