Песков: Информациите дека Путин е болен не се ништо друго освен лажни

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека информациите дека рускиот претседател е болен не се „ништо друго освен лажни“.

Песков наведе, коментирајќи го седмиот пакет санкции на Европската унија, дека и најстрогите ограничувања никогаш не доведоа до промена на ставот на земјите против кои се наметнати, а нема ниту кај Русија.

Тој укажа дека не чувствува оти политиката на санкционен притисок се намалува, имајќи предвид дека седмиот пакет санкции на ЕУ предвидува отстранување на некои ограничувања.

Слични содржини