Песков: Киев може да ги прекине непријателствата до крајот на денот

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека украинската страна може да ги прекине воените дејствија за кратко време со наредба на украинската армија да го остави оружјето.

Коментирајќи го повикот на украинскиот претседател Владимир Зеленски до Западот да ги зголеми испораките на оружје за Киев, за да може борбата против руските сили да заврши пред зимата, Песков рече дека украинската страна може да ја прекине до крајот на денот и дека за тоа би било неопходно да се издаде наредба на украинската војска да го остави оружјето и да ги исполни условите на Русија.

Портпаролот на Кремљ исто така нагласи дека руското Министерство за одбрана развива планови за соодветно зајакнување на западните граници во контекст на новите опасности што ги создаваат овие акции на Северноатлантската алијанса.

Слични содржини