Песков: Лидерите на Ерменија и Азербејџан се подготвени да ги финализираат мировните преговори

од Radmila Tasevska
184 прегледи

Портпролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека лидерите на Ерменија и Азербејџан, Никол Пашинјан и Илхам Алиев, ја покажаа својата подготвеност да ги финализираат мировните преговори и да постигнат единствен мировен договор.

– Тие ја изразуваат својата целосна подготвеност да ги финализираат мировните преговори, да се постигне еден документ, мировен договор, нема ризик, рече Песков во интервју за Првиот канал на руската телевизија, одговарајќи на прашањето „дали е ризично да се поканат лидерите на завојуваните земји во Санкт Петербург“.

Во Санкт Петербург денеска се одржа неформален самит на лидерите на Заедницата на независни држави (ЗНД), а рускиот претседател Владимир Путин за време на самитот имаше тет а тет средба со Пашинјан.

Слични содржини