Песков: Мобилизацијата е одговор на помошта што НАТО ѝ ја испраќа на Украина

од Nikola Popovski
161 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека делумната воена мобилизација во Русија е најавена како одговор на помошта на НАТО за Украина.

„Специјалната операција беше започната, рече претседателот, за да се исполнат целите во Украина. Сега де факто ни се спротивставува целиот НАТО блок со сите негови логистички можности. Тоа доведе до потреба да се објави мобилизација“, изјави Песков за новинарите на брифингот во Москва.

Портпаролот рече и дека статусот на специјалната воена операција не е променет од објавувањето на мобилизацијата. Тој додаде дека не се донесени одлуки за спроведување на посебни мерки во стопанството како резултат на делумна мобилизација.

Тој посочи дека во Русија постои закон за мобилизација, кој ги пропишува условите, редоследот и постапката.

„Владата наскоро ќе ги објави категориите на луѓе кои треба да се пријават за воена служба и оние кои се изземени“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави делумна мобилизација во таа земја, во која ќе бидат опфатени околу 300.000 луѓе на возраст од 18 до 50 години.

„Лажни информации за мобилизација до милион луѓе“

Песков изјави за Спутник дека се лажни информациите за наводна мобилизација на милион луѓе.

Песков го демантираше пишувањето на одредени медови дека во седмиот член од Указот на претседателот на Русија Владимир Путин за делумна мобилизација се наоѓаат податоци за повик на милион луѓе.

Слични содржини