Песков: НАТО е офанзивен сојуз кој носи нестабилност и агресија

од Stefanija Kuzmanovska
503 прегледи

НАТО сам по себе носи нестабилност и агресија, но и во тој случај Русија и Кина никогаш не создале блок против него, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој се осврна на точката од заедничката изјава на земјите од НАТО, во која се наведува дека соработката меѓу Москва и Пекинг претставува опасност за Алијансата.

„Ваквите изјави укажуваат дека суштината на руско-кинеските односи не е разбрана. Нашите односи во никој случај не се насочени и никогаш не биле насочени против трети земји или против какви било сојузи, и покрај тоа што сè уште зборуваме за сојузи кои се инхерентно агресивни. Тоа не е сојуз кој е создаден, замислен и дизајниран да обезбеди стабилност и безбедност. Тоа е офанзивен сојуз. Тоа е сојуз кој носи нестабилност и агресија“, рече Песков.

Сепак, како што додаде, руско-кинеските односи никогаш не биле насочени против никого.

„Нашите односи носат мир и стабилност во регионот. Тие носат просперитет на народите на двете земји и на народите од многу региони затоа што предизвикуваат општа синергија за економски развој“, посочи Песков.

Слични содржини