Песков: Не доаѓа предвид Русија оваа година да почне да ги повлекува војниците од Украина

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека е малку веројатно руската армија да се повлече од Украина до крајот на годинава.

„Не доаѓа предвид Русија да почне да ги повлекува војниците од Украина пред крајот на оваа година“, изјави Дмитриј Песков, а пренесува руски „Интерфакс“.

За време на прес-конференцијата, од него беше побарано да го коментира предлогот на украинскиот претседател Владимир Зеленски Русија да започне со повлекување на војниците од Украина до Божиќ. Песков беше прашан и дали Москва е подготвена да се согласи на ова пред крајот на оваа година.

„Ова не доаѓа предвид“, одговори Песков, објаснувајќи дека „украинската страна треба да ја прифати реалноста“.

„Тоа се реалностите што се појавија поради политиката што ја водеа раководството на Украина и актуелниот украински режим во изминатите петнаесет, па дури и дваесет години“, продолжи Песков.

Според него, „оваа реалност укажува дека Руската Федерација има нови субјекти, тие се појавија како резултат на референдумите што се одржаа на овие територии“.

„Без да се земе предвид оваа нова реалност, каков било напредок е невозможен“, рече Песков.

Слични содржини