Кремљ денеска соопшти дека нема докази за руска вмешаност во десничарскиот заговор за организирање државен удар во Германија.
„Се чини дека ова е проблем внатре во Германија“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите, додавајќи дека не станува збор за руска вмешаност.
Германските обвинители соопштија дека еден од обвинетите се обидел да контактира со руските претставници, што десничарската група го гледала како врска со воспоставувањето нов поредок, но нема докази дека руски претставници одговориле на барањето.