200
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ги отфрли обвинувањата дека Москва ги користи испораките на природен гас како средство за уцена, откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ престана да извезува гас во Полска и Бугарија.
Песков рече дека Русија останува сигурен снабдувач со енергетски ресурси за своите потрошувачи и не се впушта во уцени, цитиран од Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ не ја исклучува можноста другите земји, освен Полска и Бугарија, да бидат спречени да извезуваат гас доколку не го платат во рубљи.