Песков: Нема договор за безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека не е постигнат значителен напредок кон создавање на безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје.

Тој посочи дека е неопходно „да ѝ се нареди на Украина да го повлече тешкото вооружување од нуклеарната централа Запорожје, како и да престане со нејзиното гранатирање, кое ја загрозува цела Европа“, пренесува агенцијата ТАСС.

„IAEA ја врши својата работа. Добро е што IAEA потврди дека гранатирањето создава опасност за нуклеарната централа и нејзиниот интегритет. Тоа е добро. Ние, се разбира, жалиме за специфичноста на нивната работа, кога велат дека не се овластени да кажуваат кој отворил оган врз нуклеарната централа“, рече Песков.

Слични содржини