61
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека нема предлог за телефонски разговор меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин.
Песков потсети за „Интерфакс“ дека Москва повеќе пати објави дека е отворена за дијалог.
„Не. Немаше никакви предлози. Ние постојано изјавуваме дека Путин е отворен за контакти“, одговори тој на прашањето дали испратил барање до Берлин за телефонски разговор меѓу Шолц и Путин.