276
Плаќањето за испораките на руски гас во рубљи ќе се врши од крајот на втората половина на април или дури и почетокот на мај, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, додавајќи дека испораките на руски гас нема да бидат прекинати доколку купувачите не го потврдат плаќањето во рубљи до 1 април.
Запрашан за крајниот рок за отворање сметки во руските банки за плаќање на гасот, Песков препорача да контактираат со Газпром за повеќе детали.
Портпаролот на Кремљ рече дека рускиот претседател Владимир Путин ја претставил новата форма за плаќање гас во разговорите со европските лидери пред да биде официјално објавено во четврток.