161
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денес изјави дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Мариупол не е планирана, а неговото движење низ градот исто така е делумно спонтано.
„Претседателот отиде во Мариупол. Во почетокот планот беше да се посети само станбениот комплекс, а, се разбира, ниту комуникација со граѓаните, ниту одење во посета – тоа не беше планирано. Сето тоа беше апсолутно спонтано“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека движењето на Путин низ градот исто така не било планирано.