Песков: Префрлувањето на полски тенкови на исток е уште еден чекор кон ескалација на тензиите

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Плановите на Полска да стационира нов тенковски баталјон на исток претставуваат уште еден чекор кон зголемување на тензиите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, ова е уште еден чекор кон ескалација на тензиите, нашите белоруски пријатели знаат што да прават, тие прават се што е потребно во оваа ситуација за да се обезбеди безбедност“, рече Песков, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак дека на истокот на земјата ќе биде испратен нов тенковски баталјон, пренесува „Известија“.

Блашчак претходно денеска изјави дека веќе е формиран тенковски баталјон во источна Полска, кој ќе треба да се спротивстави, како што наведе, со „заканите“ кои доаѓаат од Русија и Белорусија.

Слични содржини