155
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, во врска со притворањето на дописникот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович за шпионажа, денеска изјави дека не се работи за сомнеж, туку дека новинарот е „фатен на дело“.
„Ова е прашање за Федералната служба за безбедност. Веќе имаше соопштение од ФСБ, немаме што да додадеме. Единствено што можам да кажам е дека, колку што знаеме, тој е фатен на дело“, рече Песков.
Американецот Гершкович, 32-годишен дописник на московското биро на американскиот весник, е приведен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа, соопшти претходно ФСБ.