Процесот на интеграција на новите руски региони е во полн ек, изјави денеска за медиумите портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков, додавајќи дека примарна задача е да се обезбеди безбедност на овие територии.
„Процесот на интеграција на овие републики ДНР (самопрогласена Доњецка Народна Република) и ЛНР (самопрогласена Луганска Народна Република) во правниот, економскиот, социјалниот и безбедносниот простор на Русија е во полн ек“, рече Песков, пренесе „Танјуг“.
Според него, најважно за Русија е што поскоро да обезбеди безбедност во овие региони.
Песков потсети дека обезбедувањето на безбедноста на цивилите кои живеат таму е главната цел на специјалната воена операција.
„Најважно за нас е да дозволиме овие територии цврсто да го заземат вистинското место меѓу сите ентитети на Руската Федерација“, рече Песков, мислејќи на усвојувањето на уставите на ДНР и ЛНР.