Песков: Путин ја поддржува идејата за подигање на старосната граница за регрутирање

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера објави дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, концептуално ја поддржува идејата за зголемување на старосната граница за регрутирање, но дека деталите за прашањето треба да ги проследи министерството за одбрана.

„Концептуално, да, таа идеја беше поддржана од шефот на државата, но што се однесува до деталите, формализирањето на оваа идеја, оваа информација мора и треба да се добие од министерството за одбрана како примарен извор“,  рече Песков, пренесува ТАСС.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу во декември минатата година предложи старосната граница за регрутирање постепено да се зголемува од 18 на 21 година, како и горната граница да се зголеми на 30 години.

Слични содржини