Песков: Путин не е во бункер

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли гласините дека рускиот претседател Владимир Путин е префрлен во посебен бункер поради пандемијата на коронавирусот.

– Путин моментално живее во својата резиденција во Ново-Огарјово, каде што живееше дури и пред пандемијата – рече Песков.

Тој додаде дека Путин оттаму доаѓа во Кремљ, од каде повремено оди со службени патувања со авион, но не толку често колку што би сакал.

– Технолошките решенија му даваат ефект на присуство на места каде што е потребно – нагласи Песков.

Што се однесува до тестирањето за вирусот, Песков изјави дека рускиот претседател прави колку што е потребно за да ја осигури својата безбедност, пренесува ТАСС.

Песков истакна дека во резиденцијата има епидемиолози, специјалисти кои прават распоред на работа за шефот на државата од гледна точка на медицината.

Слични содржини