Песков: Путин не го продолжува велигденското примирје

од Nikola Popovski
47 прегледи

Велигденското примирје што го објави рускиот претседател Владимир Путин истекува денеска на полноќ по московско време, а други инструкции не се добиени од претседателот, изјавил за ТАСС, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Немаше други наредби“, одговорил Песков на прашањето дали прекинот на огнот ќе истече ноќта на 21 април или дали може да биде продолжен.

Во пресрет на Велигден, на средбата со началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, Путин најави прекин на огнот на целата линија на фронтот, кој ќе важи од 19 април во 18:00 часот по московско време до 21 април на полноќ, односно вкупно 30 часа.

Слични содржини