Песков: Путин страда поради нападот во Москва, дури и ако не видите солзи на неговото лице

од Nikola Popovski
258 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков порача дека рускиот претседател, Владимир Путин е потресен од терористичкиот напад во Москва што се случи пред една недела. Било воочливо дека Путин не присуствувал на оддавањето почит на жртвите, ниту пак ги посетил нивните семејства и ранетите.

– Шефот на државата е многу загрижен поради ваквите трагедии. Верувајте, дури и да не гледате солзи на неговото лице, не значи дека не страда, рекол Песков во кратко интервју што беше емитувано денеска.

– Малку е веројатно дека некој знае и разбира низ што поминува, вклучително и вие и јас, додал Песков.

Откако на 22 март вооружени напаѓачи убија 144 луѓе, ранија 551 и ја запалија концертната сала, одговорноста ја презеде џихадистичката група Исламска држава.

Путин зборуваше за тоа следниот ден, а во понеделникот само кажа дека напаѓачите се „радикални исламисти“, но руските власти ја обвинија Украина и нејзините западни сојузници дека помогнале во нападот, што Киев и неговите сојузници остро го негираа.

Минаната сабота, американски, европски и дипломати од африканските и латиноамериканските земји положија цвеќе на местото на нападот и оддадоа едноминутно молчење, објави Риа Новости.

Слични содржини