109
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руските сили не гаѓале станбени згради, додека, како што тврди, „Украина соопшти дека до уривање на цивилна зграда во Днепар дошло по контранапад со противвоздушна ракета“.
Најмалку 40 лица загинаа во ракетен напад врз станбена зграда, соопштија денес украинските власти.
„Руските вооружени сили не гаѓаа станбени области или социјална инфраструктура. Воените цели, кои се очигледни, но во исто време и скриени, беа нападнати. Можете да ги слушнете изјавите на украинските власти дека трагедијата во Днепар била предизвикана од контранапад.“, рече Песков.