Песков: Русија не влијаеше на оставките на европските премиери

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Оставките на неколку европски премиери се внатрешно прашање на нивните земји и Москва нема никаква врска со нив, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е внатрешна работа на секоја од споменатите земји. Ние нема да се мешаме во ова на никаков начин, немаме никаква врска со тоа. Тоа е се што може да се каже“, рече Песков на прашањето на новинарите да коментира за оставки на европските премиери, пренесува ТАСС.

Италијанскиот премиер Марио Драги вчера најави оставка, но претседателот на земјата Серџо Матарела не ја прифати, а британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела најави оставка.

Слични содржини