Песков: Русија реципрочно одговара на непријателските акции на другите земји

од Stefanija Kuzmanovska

Русија нема да дозволи непријателските дејствија на другите земји да останат без одговор, придржувајќи се до принципот на реципроцитет, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Зборувајќи за ограничувањата за користење на банкарските сметки на финската амбасада и генералниот конзулат во Русија, Песков на новинарите им рече дека тоа не е иницијатива на руската страна.

„Ние само одговараме на ситуацијата што ја создадоа властите на голем број западни земји, вклучувајќи ја, на наша жал, Финска“, рече Песков, пренесе ТАСС.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во средата изјави дека се воведени ограничувања за користење на банкарските сметки на финската амбасада и генералниот конзулат во Русија.

Захарова истакна дека овие акции се одговор на слични ограничувања наметнати на руската дипломатска мисија во Финска, која е ограничена само на користење на сметка во финска банка.

Слични содржини