Песков: Русија сака контрола само врз териториите кои се нејзини според Устав

од Nikola Popovski
241 прегледи

Русија сака да ги контролира само оние територии кои се нејзини според Устав, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето на новинарот, кој го интервјуираше за „Њујорк Тајмс“, дали Русија сака да додаде уште украински територии, тој одговорил негативно.

Не. Ние само сакаме да ја контролираме територијата што е запишана во Уставот како наша, рекол Песков, пренесува ТАСС.

Референдуми за приклучување кон Русија беа одржани во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон во септември минатата година, кога мнозинството жители го поддржаа потегот.

На 30 септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на тие региони потпишаа договори за пристапување на Русија, а на 4 октомври 2022 година Путин ги потпиша законите за ратификација на договорите.

Слични содржини