178
Руската војска ќе го подигне американскиот дрон од дното на морето доколку смета дека е потребно во интерес на безбедноста, сигурен е портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков.
„Ова е во домен на армијата. Ако сметаат дека е неопходно за нашите интереси и нашата безбедност да го направат тоа во Црното Море, тие ќе го направат тоа“, изјави денеска портпаролот на Кремљ. Така, тој одговори на прашањето дали Русија ќе се обиде да го подигне дронот од дното на морето и да го проучи.
Во исто време, Песков призна дека не знае точно за плановите на армијата.
„Ова е нивен домен и треба ним да им се упатат прашањата“, објасни портпаролот на Кремљ.