Руската влада ги презема сите можни мерки за да обезбеди безбедност за време на Парадата на победата на 9 мај, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на телевизијата Канал 1.
„Се преземаат сите неопходни мерки за да се обезбеди безбедност, особено затоа што на парадата ќе присуствуваат гости од странство, како и нашиот претседател. За таа цел се прави се што е предвидено со закон“, рече тој, пренесе ТАСС.
Песков оцени дека „природата на режимот во Киев бара од Москва да биде внимателна“, како и да потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ја донел вистинската одлука да започне „специјална воена операција“ во Украина.