Песков: Санкциите на ЕУ за дијамантите имаат тенденција да предизвикаат „бумеранг ефект“

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборувајќи за можноста Европската унија да го забрани увозот на руски дијаманти, денеска оцени дека санкциите на ЕУ имаат тенденција да предизвикаат „ефект на бумеранг“.

Русија е најголемиот светски производител на необработени дијаманти, потсети Песков во разговор со новинарите и изјави дека таков потег на ЕУ се очекувал долго време, но дека најверојатно ќе се врати кон ЕУ како бумеранг, пренесува „Ројтерс“.

„Како по правило, тоа ќе испадне дека е делумно покренат бумеранг ефект: Ќе страдаат интересите на самите Европејци. Досега успеавме да најдеме начини да ги намалиме негативните последици од санкциите“, рече Песков.

Дипломатски извори во ЕУ минатата недела потврдија дека на маса е предлог за забрана на директен увоз на дијаманти од Русија од први јануари 2024 година, а механизмите за мониторинг треба да се спроведат од март за да се спречи увозот на руски дијаманти преработени во трети земји, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини