160
Санкциите се цената која Русија и Иран ја плаќаат за својот суверенитет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој за иранската државна радио телевизија изјави дека на Русија уште од времето на Советскиот Сојуз ѝ се воведени ограничувања во различни области, чиј вкупен број веројатно се мери во илјадници, пренесува РИА Новости.
Тој повтори дека „специјалната операција“ во Украина ќе биде завршена кога ќе се постигнат сите нејзини цели, дека нема одредено временско ограничување и дека најважна е ефикасноста.