134
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска ги демантираше информациите кои се појавија во турските медиуми дека во тек се подготовки за посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција.
Песков го демантираше прашањето дали се подготвува посета на Путин на Анкара, пренесува РИА Новости.
Агенцијата наведува дека утрово во турските медиуми се појавиле информации за можна посета на Путин.