Песков соопшти лоши вести за руско-украинската војна

од Nikola Popovski
362 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска оценил дека во моментов нема услови за преговори меѓу Русија и Украина, поради што, како што додаде, продолжува руската специјална воена операција.

„Позицијата на претседателот (Владимир Путин) е добро позната… последен пат тој зборуваше за такво нешто за време на разговорот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Ставот на Русија е дека засега нема услови за преговори, бидејќи сите ја знаат позицијата на Украина да не прифаќа какви било преговори“, изјавил Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости.

Коментирајќи ги причините за одбивањето на Киев да ги продолжи преговорите во Истанбул во 2022 година, Песков рекол дека тоа е резултат на директен притисок од Лондон.

Слични содржини