Песков: Украина не сака да ги продолжи преговорите

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема напредок во преговорите со Украина и дека Киев не покажува никаква волја да ги продолжи.

„Преговорите не напредуваат и забележуваме целосен недостаток на волја кај украинските преговарачи да го продолжат овој процес“, рече Песков, цитиран од „Ројтерс“.

Руската новинска агенција „Интерфакс“ во вторникот го цитираше рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко, кој рече дека Украина „практично се повлече од преговарачкиот процес“ и дека разговорите не се во никаква форма.

Слични содржини