Украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас, ова е важен услов за руската страна, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
„Ставот на Русија е добро познат: Украина и нејзините вооружени сили мора да го напуштат Донбас. Тие мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, изјави Песков пред новинарите, објави РИА Новости.
Според него, доколку е потребно, преговорите меѓу Русија, Украина и САД во Обединетите Арапски Емирати ќе се одржат денес и утре.