Песков: Украинските сили не можат да влијаат на животот во Мариупол

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Украинските милитанти блокирани во фабриката за челик „Азовстал“ на никаков начин не можат да влијаат врз воспоставувањето мирен живот во градот Мариупол, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Операцијата продолжува според планот. Ослободен е Мариупол, кој стана место на концентрација на националистичките формации. Денеска министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу информираше дека сега е можно да се започне со воспоставување мирен живот. враќање на цивилите во нивните домови“, рече Песков, пренесе РИА Новости.

Тој изјави дека челичарницата „Азовстал“ е посебен објект, каде што преостанатата група украински националисти е целосно блокирана.