Песков: Воведувањето санкции за ќерките на Путин е „апсолутно фанатичен“ потег

од Берта Китинска
249 прегледи

Кремљ реагираше на одлуката на САД да воведат санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека потегот е „тежок за разбирање и објаснување“.

Вчера САД објавија нови санкции против двете ќерки на Путин, Марија Воронцова и Катерина Тихонова, како и најголемите руски државни и приватни банки.

„Сметаме дека овие санкции сами по себе се продолжување на апсолутно фанатичниот однос во однос на воведувањето на рестрикции. Во секој случај, таквите потези за воведување ограничувања на членовите на семејството зборуваат сами за себе“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Гардијан.

Според него, Кремљ не може да разбере зошто ќерките на Путин би биле цел на санкции.

„Тоа е нешто што е тешко да се разбере и објасни. За жал, мораме да се справиме со такви противници“, додаде тој.