САД водат контроверзна, непредвидлива политика, нивниот менторски тон стана неприфатлив за огромен број земји, но тоа е нивна работа, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
„Знаете, од една страна, се разбира, ова е многу контрадикторна манифестација на надворешната политика на САД, која зборува за голем елемент на непредвидливост, од една страна, а од друга страна, за продолжување на ваквите менторски манифестации. Надворешната политика на САД веќе стана неприфатлива за огромен број земји, а бројот на овие земји постојано расте“, изјави Песков за новинарите, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џо Бајден за кинескиот лидер Си Џинпинг, пренесува РИА Новости.
Бајден го нарече Си „диктатор“.
Според неговите зборови, само неколку дена претходно можеле да се видат информации за контактите на американскиот државен секретар во Пекинг, разни помирувачки изјави, за потоа да уследат неразбирливи компензации за тие постапки од страна на шефот на државата.