За да се организираат потенцијални референдуми за припадноста на Русија на Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје, неопходно е тоа да го сакаат луѓето што живеат таму, а мора да се исполнат „одредени други услови“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Неговата изјава дојде откако лидерот на руската Либерално-демократска партија и претседател на Комитетот за надворешни работи на Државната дума, Леонид Слуцки, изјави дека референдумите во тие четири украински области најверојатно ќе се одржат летово, пренесува Тас с.
„Не е Кремљ да одлучува за организацијата на овие референдуми. „Постојано нагласивме дека исклучиво зависи од луѓето што живеат таму да донесат одлука за својата иднина“, рече Песков на прес-конференција.
Запрашан да каже попрецизно на кои други посебни услови мисли, Песков рече дека е очигледно оти нема можност да се разговара за референдуми сега кога никому не може да му се гарантира безбедност и кога украинската армија секојдневно ги напаѓа тие области.