50
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неможноста да се гарантира безбедноста на лидерите кои отпатуваа во Москва на 9 мај за да го прослават Денот на победата над фашизмот е „пример за државен тероризам“.
„Главната работа не се беспилотните летала, главната работа е невидено провокативната изјава на Зеленски. Генерално, на ниво на шефови на држави, давањето вакви изјави, па, тоа е, знаете, манифестација на државен тероризам“, рече Песков во интервју со новинарот Павел Зарубин, објави ТАСС.
Песков потсети на изјавата на Зеленски, во која тој рече дека не може да ја гарантира безбедноста на гостите кои, меѓу другото, присуствуваа на воената парада во Москва на 9 мај.