Песков: Замрзнат конфликт во Украина не е опција за Русија

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е опција за Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека е важно Москва да ги постигне своите цели во конфликтот.

„Претседателот (на Русија) Владимир Путин јасно кажа дека опцијата за замрзнување на конфликтот не е прифатлива за нас. За нас е важно да ги постигнеме нашите цели, кои се добро познати на сите“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за можни преговорите за границата меѓу Русија и Украина, објави Риа њуз.

Песков одговараше на извештаите кои сугерираат дека Русија може да размисли за замрзнување на конфликтот или повлекување од територијата во регионот Харков во Украина.

Слични содржини