287
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните земји и предупреди дека цената ќе расте секој ден.
Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.
„Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и мора да платат висока цена“, посочува Песков.