„Гаспром“ би сакал да ја врати ремонтираната турбина за Северен тек, но важно е да види правна потврда дека таа не е под санкции. Ова го изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, и додаде дека усните уверувања на Европската унија во овој случај не се доволни, пишува „Спутник“.
„Не, Гаспром многу би сакал да ја добие оваа турбина. Но Гаспром не воведе санкции. Во овој случај, важно е Гаспром да добие правни документи во кои се наведува дека оваа турбина не е санкционирана. Во овој случај, зборовите апсолутно не се доволни“, нагласи тој.
„Ова е во согласност со она што беше кажано претходниот ден: Европската унија може да каже едно, но постои Велика Британија, бидејќи турбините постојано ги сервисира британската филијала на Сименс според британските закони и под британска јурисдикција“, објасни Песков.
Песков посочи дека поради санкциите воведени кон Гаспром и Русија, Гаспром мора „да го осигура својот имот – оваа турбина е сопственост на Гаспром“.