Одлуката на Полска да го затвори Генералниот конзулат на Русија нема никаква врска со здравиот разум и предизвикува жалење во Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека обвинувањата против Русија во контекст на неодамнешниот инцидент со возот во Полска се целосно неосновани, објави РИА Новости.
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, денес изјави дека, како одговор на саботажата на возот минатиот викенд, ќе го повлече одобрението за работа на последниот оперативен конзулат на Русија во Полска, односно во Гдањск.