Пејачката Витни Хјустон, која е родена на денешен ден, 9 август, имаше голем број хитови и неверојатна кариера. Самиот почеток на осумдесеттите ветуваше и навести дека ќе биде голема ѕвезда. Сепак, нешто не беше како што треба.
Во времето кога Хјустон го издаде својот трет албум, „I’m Your Baby Tonight“, таа излегуваше од тригодишна пауза по рекордната серија од седум последователни бр. 1 синглови на Billboard Hot 100, пишува songfacts.com.
Проблемот беше што нејзината издавачка куќа чувствуваше дека Витни губи контакт со нејзината публика со темна боја на кожа.
Хјустон го отфрли тврдењето, велејќи за USA Today: „Јас не пеам песни мислејќи дали се црни или бели… Пеам песни што на сите им се допаѓаат“.
Но, продуцентите ЛА Рид и Бејбифејс се согласиле со тврдењето. Рид изјавил за Билборд: „Сакавме да смислиме нешто што е различно од се што отпеала Витни, па му пристапивме на тој агол. Сакавме да ѝ дадеме нов правец и да поправиме онаму каде што чувствувавме дека потфрлила. Чувствувавме како да ѝ требаше повеќе црна база“.
Песната што ја „подигна“ кариерата на Витни Хјустон беше „I’m Your Baby Tonight“, која ги имаше сите елементи за да им се допадне на луѓето од сите раси. Според неофицијалната приказна, оваа песна ја извела во студио во еден обид, и тоа успешно, бидејќи наводно брзала кон трговскиот центар.
Има две верзии, американска и европска.