Спотот за песната „Take on me“ на норвешкото синт-поп трио A-ha надмина една милијарда прегледи на Јутјуб. Ова е дури втора песна од осумдесеттите која достигна повеќе од милијарда прегледи на најпопуларната видео платформа во светот, по „Sweet Child O ‘Mine“ на групата Guns N ’Roses. Само во следните неколку дена откако го проби магичниот број на прегледи, споменатиот спот од групата A-ha беше пушен уште 220 милиони пати.
Според податоците на Јутјуб, „Take on me“ во 2020 година, во просек бележело повеќе од 480.000 прегледи на ден, според „Варајети“.
Музичкиот спот на групата A-ha беше премиерно прикажан на телевизија во 1985 година во VHS формат, а го режираше Стив Барон, режисерот на спотот на Мајкл Џексон за песната Billie Jean од 1983 година.