Пет британски воени заробеници кои Русија ги ослободи во размена со Украина пристигнаа во Велика Британија, соопшти денеска непрофитната организација „Президиум Нетворк“.
Според оваа организација, која врши евакуација на семејства и поединци од воените зони, тоа се Ејден Аслин, Шон Пинер, Џон Хардинг, Дилан Хили и Ендрју Хил, пренесе „Ројтерс“.
Руското министерство за одбрана соопшти претходно денеска дека украинската страна во размена на затвореници ослободила 55 припадници на армијата на Руската Федерација и самопрогласените Доњецка и Луганска народна република.