Пет лица повредени во престрелка во складиште за козметика: Полицијата во Њу Албани ја блокираше зградата

од Илинка Илиоска
8 прегледи

Пет лица се повредени во пукотница што се случи во вторникот вечерта во магацин за козметички производи во Њу Албани, Охајо, соопштија локалните власти.

Според портпаролот на градот, Џош Поланд, повредените се пренесени во болница, но засега не е позната тежината на нивните повреди. Тој додаде дека осомничениот за нападот, најверојатно, веќе не се наоѓа во зградата.

Пукотницата се случила околу 22:20 часот во складиштето на компанијата „KDC/One“, која произведува козметика и тоалетни производи.

Полицијата веднаш ја блокираше областа и предупреди граѓаните да го избегнуваат местото на инцидентот додека трае истрагата. Над 20 лица биле евакуирани од магацинот.

Слични содржини