Индиската полиција уапси пет мажи осомничени за ритуално жртвување на луѓе, речиси четири години откако во хинду храм беше откриено обезглавено тело на жена.
Шанти Шо (64) била убиена и обезглавен со мачета во 2019 година, при посета на храм во Гувахати, град на крајниот североисток на Индија, пишува „Гардијан“.
Немаше напредок во истрагата додека нејзиното тело не беше идентификувано во јануари, што доведе до обновување на истрагата во која беа уапсени неколку осомничени, а други се уште се во бегство.