„Black Friday“ годинава „паѓа“ на 26 ноември, а попустите ширум светот веќе започнаа. Од една страна, тоа е добра тактика да се избегне огромна гужва за само еден ден, иако од друга, веќе се забележуваат редиците во многу продавници.
Според заклучоците на „Market Watch“, постојат 5 работи кои не треба да ги купувате кога е овој „празник“ за „шопингхоличарите“.
Во нивиот текст стои дека оваа година се претпоставува „поредовно“ купување во споредба со 2020 година, кога многу луѓе купувале онлајн, а некои проценки велат дека близу 2 милиони луѓе повеќе од минатата година, ќе направат празнично пазарење помеѓу Денот на благодарноста и т.н. Сајбер понеделник.
Фактот дека повеќе Американци планираат да купуваат со лично присуство во продавници оваа година е поддржан од фактот дека 64% од нив планираат да го сторат тоа, во споредба со 51% во 2020 година. Повеќето луѓе мислат дека се е „паметно купување“ за време на „Black Friday“, бидејќи попустите се огромни, особено во САД, но не е така… Некои заклучоци, всушност, ќе ве изненадат.
5 производи што не треба да ги купувате на „Black Friday“
„Market Watch“ ја става облеката на прво место, верувале или не. Зошто? Се наведува дека најголемиот дел од попустот подразбира процент од 30%, но дека „можно е почетната сума (редовната цена) да е малку зголемена“. Дополнително, продавниците го користат овој период за „расчистување“ на дел од постоечките залихи, со цел да направат простор за претстојната сезона.
Конзолите за Плејстејшн 5 се исто така на листата, особено оваа година, со оглед на тоа колку беше тешко да се набават. Имено, нивното производство падна, поради глобалниот недостиг на чипови. Поради сето ова, конзолите нема да бидат на некои специјални попусти во 2021 година, барем во САД, а евентуално некои артикли ќе бидат намалени за околу 10% на сметка на бојата.
„Market Watch“ понатаму наведува дека оние кои сакаат опрема за вежбање можеби ќе треба да чекаат за новогодишните попусти. Како што се посочува, тоа е период кога луѓето „носат важни животни одлуки“, а една од нив може да се однесува и на доведување во форма на телото / подобрување на здравјето. Брендовите играат токму на таа карта.
Во масовната продажба на телевизори на „Black Friday“ , обично има некоја „финта“. Имено, моделите кои се продаваат тој ден најчесто се застарени, па ќе треба да се заменат или поправат за неколку години. Од друга страна, советот за Американците за да купат телевизор, е да користат акции во периодот на Супер Боулот.
Петтото нешто по ред што не треба да го купувате кога е „Black Friday“ во прашање е мебелот. Зошто? Ова не е нешто неопходно, задолжително, во тој момент. Сигурно имате некои „попаметни“ работи за купување. На пример, во Соединетите Американски Држави, можете да добиете подобри попусти за мебел кога во февруари е празникот „Presidents Day“ или официјално „Washington’s Birthday“.
Здруженијата на потрошувачи повикуваат на дополнителна претпазливост при купувањето преку Интернет пред популарно наречениот „Black Friday“ и зголемениот број обиди за злоупотреба на личните податоци и податоците од картичките.
За безбедно користење на картичките и сите нивни придобивки, потребно е да се едуцирате и информирате за најчестите видови измами преку кои криминалците се обидуваат да соберат и злоупотребат податоци.